Интервју Фил Ајви Најдобриот покер играч на светот на суд за измама

Дури 10 пати победник на престижниот WORLD SERIES Of POKER во Лас Вегас, а на три учества на High Rollers Australia три пати победник, како и милионски заработки во покер кеш игри, се најде на оптуженичка игра за измама во казино?! Наводно Американецот освен покер обожава да игра и бакарат, па во казиното Боргата во Атлантик Сити и Крокфордс казино во Лондон успеал да печали скоро 22 милиона евра во 2012 година.

Проблемот е во тоа што Боргота казино го тужи Фил за добивкатата од 9,6 милиони долари која, иронично веќе му била исплатена од нивна страна, но после прегледувањето на видео записот решиле дека тој мамел за време на играта?! Другата тужба е од страна на Фил Ајви спрема Лондонското казино кое одбило да му ја исплати добивката од 12 милиона долари заради тоа што тој наводно мамел за време на играта. Во телевизиското интервју со Покер звездата тој изјави дека казината се сложиле на некои негови услови кои би му дале предност во играта, а условите биле дилерот да биде Кинез,

да има специјална машина за мешање на картите, да не се менуваат специфичните карти и да му биде дозволено да има со себе компањон кој разбира Мандарин јазик за да може да комуницира со дилерот. Од казината велат дека тие се сложиле на неговите услови бидејќи мислеле дека тоа не го бара заради предност во играта туку заради тоа што едноставно тој е суеверен клиент?!

-Некои веруваат дека тоа беше измама,Јас знам дека не беше ! Професионалните играчи знаат дека не е измама. Не би направил ништо блиско до измама бидејќи мојата репутација е најважна, а тоа ќе биде и докажано на суд, рече Легендата на покерот во телевизиското интервју.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Related