Даниел Колман со најголема рекордна заработка од покер турнири во

Се ближи последниот рок кога треба во УЈП да се пријават заработките од минатата година па така и најуспешните покераши ќе треба да ги подмират своите обврски кон државите во кои живеат.За оние кои играат кеш гејм и нема некоја точна евиденција,но за играчите кои освоиле награди на покер турнирите ширум светот се води мошне прецизна евиденција,па така минатата година ќе биде запаметена со новиот рекорд на освоени пари во покер турнири за една календарска година од еден играч.Станува збор за Младиот 25 годишен Американец кој освои неверојатни $22.720.000,да 22милиона и 720 илјади американски долари! И со тоа го подобри претходниот рекорд за цели 3 милиона долари!Teшко дека во блиска иднина тој рекорд ќе биде подобрен.

Во годината што помина младиот милионер освои 4 титули и играше на дури 9 финални маси! До март минатата година Даниел беше само респектиран online heads-up sit-n-go специјалист со заработка од скромни $350.000 на турнирите во живо.Само девет месеци покасно ,младото момче од Масачусетс имаше заработка од $22.7 millionа која го стави на трето место(веднаш зад Даниел Негреану со $29.8 million и победникот на 2012 One Drop WSOP Antonio Esfandiari со $26.9 милиона) на вечната листа за сите времиња ,со што ги остави позади себе веќе легендите на покерот како Phil Ivey($21.2 million), Erik Seidel ($20.8 million), Sam Trickett ($20.5 million) and Phil Hellmuth ($17.8 million).

Хајлајт на годината за него беше првото место и освоени $15.3 милиона ($1,000,000 buy-in Big One For One Drop)на World Series of Poker во Лас Вегас,а неверојатната серија ја започна во април на European Poker Tour Grand Final in Monte Carlo каде што од 62 натпреварувачи во €100,000 buy-in no-limit hold’em super high roller, го освои првото место и награда од $2,129,775 .Покасно ,на крајот од август на European Poker Tour Барселона Колман зеде учество на турнирот со €50,000 eight-max no-limit hold’em super high roller каде го освои второто место за награда од $1,120,186.

Повторно на Американско тло,на еден од најмасовните турнири минатата година со 1,499 натпреварувачи и $10,000,000 гарантирани со учество од $5,300 за главниот настан во Seminole Hard Rock Poker Open за освоеното прво место Колман инкасираше $1,446,710 ,а само месец дена покасно во Лондон младиот Американец ја освои и четвртата титула во 2014 на £60,000 World Poker Tour Alpha8 London event за награда од скоро милион долари ($964,539) ! Сето ова погоре го направи покер звезда на годината,а интересно е да се спомне дека тој никогаш не дава интервју и не одговара на прашањата на новинарите.Очигледно Даниел Колман избрал неговата покер да зборува наместо него,и ќе се согласите ,неговата игра минатата година беше најгласна!

НАШАТА “ФИНАЛНА МАСА” ПО ЗАРАБОТКА ОД ТУРНИРИ ВО 2014

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Related